Шведската легенда на Милан, Златан Ибрахимовиќ сакал да прими вакцина против корона вирусот во Белград, како многу жители на Македонија и на околните земји, но Милан не му го дозволил тоа, тврди српскиот „Телеграф“.
Според нивните информации 39-годишниот Ибрахимовиќ се распрашувал кај тренерот на Црвена звезда и близок пријател, Дејан Станковиќ и работите биле договорени пред да интервенира италијанскиот клуб. Проблемот не бил во вакцината, туку во законите во Италија, во период кога на фудбалерите им било забрането да ја напуштаат оваа земја.

