20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАХеликоптерот Ingenuity на НАСА ја испрати првата фотографија во боја од Марс

Хеликоптерот Ingenuity на НАСА ја испрати првата фотографија во боја од Марс

Ingenuity штотуку ги започна своите пробни летови, а веќе испрати уникатни фотографии на Земјата.

Малиот хеликоптер Ingenuity, кој го направи својот прв историски лет на Марс како дел од мисијата „Perseverance, продолжува да ги радува научниците.

За време на неговиот прв лет, кој траеше само 40 секунди, тој исто така успеа да ја направи првата воздушна фотографија во боја на површината на Марс и да им ја испрати на научниците.

Во моментот кога е направена фотографијата, Ingenuity лебдел на надморска височина од 5,2 метри, подготвувајќи се да лета напред. Така, тој успеа да ја фати својата сенка и трагите на роверот на површината на Марс.

НАСА посочува дека оваа фотографија покажа колку е потенцијално важен овој начин на преглед на теренот за идните истражувања и мисии, бидејќи им овозможува на научниците полесно да го препознаат теренот и да го испланираат движењето на роботските возила. Ова е особено важно кога станува збор за теренот кој се состои од комбинација на остри карпи и песок, што може да биде проблематично за движењето на возилото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП