4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХаос во Манчестер – навивачите порачуваат: Glazers Out!

Хаос во Манчестер – навивачите порачуваат: Glazers Out!

„Доста е, напуштете го клубот“ им порачаа навивачите на Манчестер Јунајтед на браќата Глејзер, Џоел и Аврам, кои управуваат со клубот уште од 2003 година.

Основањето на Суперлигата го разбуди револтот кај навивачите ширум светот, посебно кај оние чии клубови влегоа во оваа нова творба.

Први на улица излегоа навивачите на Челси кои не сакаа своите играчи да ги пуштат да влезат на „Стемфорд Бриџ“.

Синоќа следуваше протест на навивачите на Арсенал, а денеска на улица се и фановите на „црвените ѓаволи“.
Јунајтед беше еден од 12-те клуба основачи на Суперлигата.

Американското семејство Глејзер од 2003 е сопственик на клубот, а нивното богатство се проценува на 3.8 милијарди евра.

Навивачите со години се против сопствениците затоа што сметаат дека тие клубот го користат само за своја корист.

Суперлигата беше само капката која ја прели чашата, а денеска во сиот хаос беше запалено и американското знаме пред вратите на „Олд Трафорд“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП