27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСупа терминатор за грип и настинки

Супа терминатор за грип и настинки

За брзо и на природен начин телото да го направите поотпорно на вируси и бактерии ви нудиме рецепт за супа кој ги победува сите болести.

Супата од лук, ѓумбир, црн пипер, кромид и уште неколку чудесни состојки го зајакнува целото тело, го зголемува имунитетот, ја храни секоја клетка во телото и не прави отпорни на вирусите и бактериите во воздухот.

Потребни состојки:

– 3 литри вода

– 2-3 чешниња лук

– 1-2 лажици ѓумбир (свеж, ситно сецкан или изрендан)

– 1 лажичка црн пипер

– 2 моркови (нелупени и пресечени на половина)

– 1 шољичка листови од целер

– ¼ кромид

– 1 поголемо гранче рузмарин

– 1 лажица мајчина душичка

– 1 лажица жалфија

– сок од половина лимон

Начин на подготовка:

Сите состојки (освен лимоновиот сок) ставете ги во голем сад со капак на оган. Ставете ги да се варат додека не зоврие водата и тогаш намалете го огнот. Сите состојки нека се варат заедно се додека не омекне зеленчукот.

Процедете ја течноста во друго тенџере. Испасирајте го зеленчукот и вратете го во течноста. Ќе добиете смеса која спречува, ублажува и лекува настинки, вируси и грип.

Внимавајте при готвењето на супата садот да биде добро затворен, за лековитите состојки да не испарат. Откако ќе ја сварите и послужите супата, кога малку ќе се олади, додадете го лимонот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП