3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПрироден напиток кој го уништува лошиот здив

Природен напиток кој го уништува лошиот здив

Со редовнотo миење на забите и плакнењето на устата е клучно за одржување на хигиената на устата. Имено, оваа едноставна постапка ги отстранува остатоците од храната и наталожените бактерии кои предизвикуваат непријатен здив.

Магдонос за лош здив

Иако течностите за плакнење на устата се достапни на сите полици во продавниците, нивните агресивни состојќи сакаме да ги избегнеме, поради што препорачуваме сами да направите природен и евтин напиток кој ќе го елиминира лошиот здив.

Зелените листови на магдоносот имаат силна и свежа арома, а нивната интензивна зелена боја која укажува на изобилство од хлорофил е најдобриот природен борец против здивот бидејќи поседува антибактериски својства. Иако џвакањето на листови од магдонос се препорачува веднаш по намирниците кои создаваат непријатен здив, чајот од магдонос е попрактична и поделотворна метода за борба против лошите бактерии во усната шуплина.

Сосотојки:

– Половина шака свеж магдонос

– ½ литри вода

Подготовка:

Во сад на оган ставете ја водата и додадете го исецканиот магдонос, а потоа оставете да се вари пет минути. Потоа напитокот процедете го, оладете го и консумирајте го по секој оброк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП