28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАФејсбук додава нови аудио производи на својата платформа

Фејсбук додава нови аудио производи на својата платформа

Социјалната мрежа Фејсбук објави дека нејзините корисници ќе можат да слушаат подкасти директно на апликацијата Фејсбук во наредните месеци.

Фејсбук воведува нови можности во време кога пазарот за аудио формат експлодира за време на пандемијата, од подкасти до платформата Клубхаус(Clubhouse).

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг изјави дека компанијата планира да лансира неколку аудио производи и алатки за пребарување и пуштање подкасти.

Фејсбук, исто така, ќе додаде алатки за создавање аудио содржина, кратки аудио формати и пред се „простории за разговор“, звучни и во живо (Live audio rooms), инспирирани од успехот на Клубхаус, каде корисниците слушаат и учествуваат во разговор без слика.

Брзото ширење на апликацијата Клубхаус, стара само една година, го покажа потенцијалот на услугата за аудио разговор, особено додека луѓето остануваа дома за време на пандемијата од Ковид -19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП