25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПотврдено: Хеликоптерот Ingenuity успешно го заврши својот прв лет на Марс

Потврдено: Хеликоптерот Ingenuity успешно го заврши својот прв лет на Марс

НАСА повторно се запиша во историјата со првиот успешен лет на хеликоптер на површината на Марс.

Непосредно пред 13 часот по македонско време, започнаа да пристигнуваат првите податоци и тие беа многу позитивни. Тие потврдија дека хеликоптерот успешно полетал и слетал, а снимките од самиот хеликоптер и роверот „Perseverance“ дополнително го потврдија тоа.

Неизвесноста траела околу четири часа, бидејќи на податоците од Марс им требаше толку време да стигнат до Земјата, а во понеделникот наутро тие четири часа изгледаа како вечност.

Имено, инженерите во НАСА подготвиле сè за пробниот лет на хеликоптерот „Ingenuity” на Марс, но не можеле да знаат дали е навистина се направено. Летот требаше да трае 40 секунди – Ingenuity требаше да се искачи на висина од три метри, да се упати кон роверот „Perseverance“ и потоа да слета.

Дека тоа навистина се случило, потврди и фотографија направена од хеликоптерот „Ingenuity“ кој потоа ја испратил на Земјата.

Како што појасниле при преносот од лабораторијата JLP на НАСА, пропелерот на хеликоптерот Ingenuity ротирал со брзина од 2500 ротации во минута, додека за споредба, пропелерот на хеликоптер на Земјата ротира со брзина од 400-500 ротации во минута. Причината за многу побрзата ротација е поради ретката атмосфера што владее на Марс.

За жал, не можевме веднаш да го следиме тој лет во живо, бидејќи податоците за летот кон Земјата патуваа неколку часа. Но, НАСА организираше следење во живо на настаните во центарот за контрола на лабораторијата за авионски погон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП