Португалскиот тренер Жозе Мурињо повеќе не е тренер на англискиот прволигаш Тотенхем Хотспур. Тој беше отпуштен една недела пред финалето во Лига купот против Манчестер Сити.
Португалецот (58) мораше да ја напушти клупата на Спарс поради слабите резултати во последните неколку месеци. Клубот, кој на средината на декември беше водечки во премиер лигата, во моментов е седми на табелата по 32 кола со минимални шанси за влез во најдобрите четири, што гарантира пласман во Лигата на шампионите.

