25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДенес за прв пат во историјата ќе полета хеликоптер на друга планета

Денес за прв пат во историјата ќе полета хеликоптер на друга планета

Денес, за прв пат во историјата, хеликоптер може да полета над површината на друга планета.

Имено, малиот хеликоптер Ingenuity на НАСА, кој пристигна на Марс заедно со роверот Perseverance во февруари годинава, треба да полета за прв пат денес.

Како што објави НАСА, денес треба да се тестира хеликоптерот тежок само 1,8 килограми, но летот на Марс е покомплициран отколку што се чинеше. Имено, атмосферата на Марс е многу поретка од атмосферата на Земјата, што го прави летот значително потежок. Покрај тоа, хеликоптерот се соочува со екстремни услови на Марс, температура од минус 90 степени Целзиусови и слаба гравитација.

За време на пробниот лет, хеликоптерот тежок околу 1,8 килограми ќе лета до висина од околу три метри, ќе остане на едно место 30 секунди, а потоа ќе се врати на површината на Марс.

Хеликоптерот се напојува со литиумски батерии и има капацитет за уште неколку обиди за лет.

Првиот лет на минијатурниот хеликоптер требаше да се изврши пред една недела, но НАСА го одложи поради технички проблеми.

Роверот Perseverance пристигна на Марс во февруари, а за 203 дена лет помина 472 милиони километри.

Тој слета во исушениот кратер Језеро, долг 45 километри, и треба да го прегледа во следните две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП