29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници кои ќе ви подарат цврст и мирен сон

Намирници кои ќе ви подарат цврст и мирен сон

Доколку имате проблем со несоница, обидете се да изедете некои од предложените намирници кои би требало да го направат вашиот сон поцврст и помирен.

Банани

Ова овошје содржи многу магнезиум, кој ги опушта мускулите и со самото тоа ви помага полесно да заспиете. Исто така, бананите го поттикнуваат лачењето на мелатонинот и серотонинот, што исто така ќе ви помогне полесно да заспиете.

Млеко

Чаша топло млеко пред спиење не важи само за децата. Млекото ја содржи киселината триптофан, која учествува во градење на серотонинот, хормон на среќата, кој ќе ви помогне полесно да заспиете.

Мисиркино месо

Токму како и млекото и мисиркиното месо содржи триптофан. Оваа есенцијална киселина се добива исклучиво преку исхраната, па доколку знаете дека таа ви недостига, изедете парче мисиркино месо.

Житарици од цело зрно

Житариците од цело зрно го смируваат нервниот систем и го поттикнуваат спиењето, така што слободно може да ги конзумирате пред спиење.

Цреши

Наскоро црешите ќе ги имаме во изобилство, а тие се едни од ретките овошја што содржат мелатонин, хормонот кој го регулира биоритамот на вашиот организам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП