19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАLG доби седум награди за дизајн

LG доби седум награди за дизајн

lg

Компанијата „LG Electronics“ добила 7 признанија за дизајн кои ги доделува компанијата International Forum.

„iF“ наградата, како една од најпознатите од оваа област, се доделува секоја година на производите кои поседуваат извонреден иновативен дизајн. Помеѓу наградените производи на компанијата „LG“ се наоѓааат и смарт телефоните „Optimus L7“ и „Optimus L9“ и неодамна претставениот „Optimus G“, се наведува во соопштението на компанијата „LG“.

Во јужнокорејската компанија сметаат дека врвниот дизајн е од големо значење поради тоа што го надополнува и го подобрува нивниот хардвер.

Од сите наградени производи на компанијата „LG“ посебно се издвојуваат смарт телефоните „Optimus G“ и „Оptimus L9“.

Покрај одличниот дизајн, „Optimus G“ поседува одлична батерија и еден од најсовремените екрани на пазарот. Овој уред користи WXGA True HD IPS+ екран од 4,7 инчи, кој ја подобрува резолуцијата, го подобрува осветлувањето и јасноста на сликата, истотака дава 100 отсто природен приказ на боите, изјавуваат од компанијата.

„Optimus LG“ е последен модел и предводник на серијата L мобилни телефони. Овој модел кој е 9,1 mm тенок, поседува IPS екран, камера од 5 мегапиксели и издржлива батерија од 2.150 mAh.

Останатите добитници на „iF“ наградите се смартфоните „Optimus L7“, „Optimus LTE2“, „LG Lucid 4G“, „Optimus Life“, како и „LG Smart Dongle“, уред кој овозможува безжичен пристап на „LG Smart“ телевизорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП