Манчестер јунајтед, Арсенал, Вилјареал и Рома ја заддржаа предноста од првите мечеви и влегоа во полуфиналето на Лига Европа, каде што ќе има два интересни дуели и можност за англиско финале.
Арсенал, откако дома одигра разочарувачки 1:1 со Славија Прага, во „блиц“ од шест минути стигна до 0:3 предност во првото полувреме за да го елиминира чешкиот клуб со вкупни 0:4 и да обезбеди пресметка со Вилјареал, кои пак со 2:1 го победија Динамо Загреб и го потврдија триумфот од првото коло. Ова значи дека тимот на Микел Артета ќе се соочи со Вилјареал, каде што тренер е човекот кој Артета го замени на клупата на „топчиите“, Унаи Емери.

