26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПристигнува нова апликација за мобилен телефон која на сите ќе им биде...

Пристигнува нова апликација за мобилен телефон која на сите ќе им биде потребна

Корисниците на мобилни телефони „Андроид“ кои ќе ја инсталираат апликацијата „Digital Wellbeing“ ќе можат да добиваат нотификации кои ќе ги предупредуваат да гледаат напред додека одат, објави технолошкиот блог XDA Developers, како што објави Би-Би-Си.

Новата опција е дизајнирана да ја зголеми безбедноста на корисниците на мобилни телефони и во моментов е во фаза на развој.

Тоа е дел од апликацијата Digital Wellbeing наменета за уреди со оперативен систем Android.

Целта на апликацијата е да ги предупреди корисниците дека, додека пешачат, да не гледаат постојано во своите мобилни телефони, односно да гледаат пред нив.

Функцијата е наречена „Heads Up“ и е интегрирана во апликацијата Digital Wellbeing, која е дизајнирана да им помогне на корисниците да следат и контролираат до кој степен ги користат своите мобилни телефони.

Така, на пример, можно е да се ограничи времето на употреба на одредена апликација или да се исклучат звуците за известувањата во одреден период.

Известувањата за новата функција може да се вклучуваат и исклучуваат во поставките на мобилниот телефон.

Корисникот на Твитер, Џеј Пракас Камет, објави скриншоти од екранот откако забележал ново ажурирање на неговиот мобилен телефон Google Pixel 4a.

Меѓу известувањата се и пораките „бидете внимателни“, „гледајте напред“, „гледајте каде одите“ и слично, и тие се придружени со живописни емотикони.

„Се чини дека ова е последната од низата дигитални алатки дизајнирани за доброто на корисниците, и тие се вградени во уредите што ги користиме секојдневно. Нивната цел е да ни помогнат да престанеме да ги користиме цело време“, рече Бека Кеди, автор на книгата „Screen Time: How to Make Peace with Your Devices and Find Your Techquilibrium“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП