27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТуристите за време на Мундијалот ќе потрошат 11.4 милијарди

Туристите за време на Мундијалот ќе потрошат 11.4 милијарди

sp

Туристите за време на Светското првенство во фудбал во 2014-та година во Бразил ќе потрошат околу 11.4 милијарди долари. Овој резултат е од студијата која ја направи бразилскиот институт за туризам „Embratur“.

Домашните туристи ќе потрошат 72 проценти или 8.3 милијарди долари од таа сума, а остатокот или 3.1 милијарди долари ќе бидат од странците.

Претседателот „Embatura“, Флавио Дино изјави дека исклучиво пресметале колку туристите ќе потрошат во Бразил, но не наведе колку вкупно секторот туризам ќе заработи за време на Мундијалот.

Се очекува дека околу 600.000 странски туристи да допатуваат за време на првенството во Бразил или 30 проценти повеќе отколку што имаше на Купот на конфедерации кој се одигра во јуни оваа година.

Од 12-ти јуни до 13-ти јули 2014-та година се очекува околу три милиони туристи да претстојуваат во 12 градови во кои ќе се одигруваат натпреварите од Светското првенство.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП