Појавата на Месечината во ноќното небо над Земјата повеќето од нас ја сметаат за убав призор. Но, ако имате можност да го гледате излегувањето и заоѓањето на Земјата од Месечината, таа сцена сигурно ќе остане врежана во вашата меморија до крајот на животот.
Иако човекот бил на Месечината кон крајот на 1960-тите и раните 1970-ти години, од тогаш Земјиниот сателит не стана редовна дестинација за човечката раса. Изгревањето и заоѓањето на Земјата гледано од Месечината ќе ги чека идните генерации на кои, од наша перспектива, можеме само да им завидуваме.

