29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали Маск сака нешто суптилно да ни каже ? Покрај титулата техно-крал,...

Дали Маск сака нешто суптилно да ни каже ? Покрај титулата техно-крал, тој додаде уште една, нешто поневообичаена

Во текот на целата своја кариера, Илон Маск го опишуваа со разни епитети. Од претприемач и иноватор, до визионер а ги имаше и оние помалку позитивните.

Но, во последно време Маск ја доби титулата „техно-крал на Тесла“, што стана негова официјална титула во таа компанија, а сега тој сам си наметна уште една титула, додуша само неофицијално.

Никогаш не ги криеше своите амбиции за освојување и живот на Марс, а сега тоа суптилно го потврди на Твитер. Имено, во делот каде обично се дава краток опис на лицето кое е сопственик на профилот, покрај „техно-крал на Тесла“, сега се наоѓа и „Импертор на Марс“.

Досега тој не објасни со ниту еден потег зошто ја додаде таа титула на неговиот опис. И повторно, Маск често прави потези кои не се баш најјасни.

Со оглед на тоа што терминот „цар“ или „владетел“ или „император“ досега најчесто се користел во врска со Римската империја, некои претпоставуваат дека Маск фрлил око на Марс како на своја колонија.

Додека Маск не објасни дали тоа било само шега или навистина има некои поголеми планови со Марс, останува само да почекаме. На крајот на краиштата, ако сака да го освои и присвои Марс, Маск најпрво мора да ја реши пречката наречена Starship – вселенското летало кое не се прослави на претходните тестови.


НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП