26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗошто е одложен првиот лет со мини-хеликоптерот на Марс

Зошто е одложен првиот лет со мини-хеликоптерот на Марс

Мини-хеликоптерот Ingenuity, кој пристигна на Марс со роверот Perseverance, нема да полета пред 14 април.

Предвидено беше да полета во неделата на 11 април.

Тестот на брзите движења на роторот на Ingenuity, во петокот покажал проблеми при полетувањето, соопшти НАСА.

Вселенската агенција соопшти дека хеликоптерот е безбеден и ги испратил податоците на Земјата.

Тимот ги проверува податоците за да го дијагностицира проблемот и да одреди нов датум на тест со полна брзина на ротација.

За време на пробниот лет, хеликоптер тежок околу 1,8 килограми ќе лета до висина од околу три метри, ќе остане на едно место 30 секунди, а потоа ќе се врати на површината на Марс.

Тоа би бил првиот лет на вселенско летало на друга планета.

Хеликоптерот се напојува со литиумски батерии и има капацитет за уште неколку обиди за лет.

Се соочува со екстремни услови на Марс, температури од минус 90 степени Целзиусови, слаба гравитација и ретка атмосфера.

Ingenuity патуваше до Марс со роверот „Perseverance“, кој тежи околу 1.000 килограми и е со големина на помал автомобил.

Роверот пристигна на Марс во февруари, а за 203 дена лет помина 472 милиони километри.

Слета во пресушен кратер на езеро долг 45 километри, а во следните две години треба да изврши увид во кратерот на езерото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП