Македонскиот репрезентативец, Џани Алиоски, попладнево, одигра брилијантен натпревар, на „Етихад“, во победата на Лидс јунајтед над Манчестер сити од 2:1.
Лидс јунајтед, иако цело второ полувреме го одиграа со фудбалер помалку, успеаја да го изненадат фаворитот.

