26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПосле ова сигурно ќе купите нова четка за заби

После ова сигурно ќе купите нова четка за заби

Иако изгледа невино, четкичката за заби е вистински магнет за бактерии кој има повеќе од 10 милиони видови, вклучувајќи ја ешерихија коли и страфилокока.

„Во устата понекогаш има повеќе бактерии отколку на валканиот под во бањата“, вели др Ен Веи.

Бактериите до четката за заби можат да дојдат на многу неверојатни начини – кога ќе ја испрскаме со вода додека ги миеме нечистите раце па дури и додека пуштаме вода во WC школката.

Не се грижете, за паника нема место. Прочитајте што можете да направите за да ја сочувате вашата четка за заби чиста:

За почеток купете нова четка

Четкичката за заби би требало да ја менувате на секои три до четири месеци.

Користете соодветна паста за заби

Некои пасти за заби се подобри за убивање на непосакуваните бактерии во усната шуплина од други.  Купете некоја која содржи триклосан, кој се покажа како поефикасен од класичните пасти на база на флуор во отстранувањето на бактериите.

Не ја нанесувајте пастата за заби со прсти

Кога ја ставате пастата за заби на четкичката, не правете го тоа со прсти. Најдобро е пастата да ја нанесете без физичко допирање на смесата.

Добро исперете ја вашата четка за заби

Внимавајте секогаш после употребата, добро да ја исперете вашата четкичка за заби. Некогаш слободно може да ја исперете и со хидроген, особено ако претходно ви паднала на подот.

Спуштете го капакот

Пред секое пуштање вода, капакот на WC школката би требало да биде спуштен.

Обезбедете и воздух

Стоматолозите истакнуваат дека четката за заби не би требало да ја држите во херметички затворена кутија. Ако сакате да спречите таа да биде изложена на отворен простор во бањата, сместете ја во кутија со дупки која истовремено ќе ја штити од бактерии, а сепак ќе и остави простор да дише.

Внимавајте да не се допираат

Ако во еден сад чувате повеќе четки за заби, многу е важно тие меѓусебно да не се допираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП