„LG“ претходно неделава потврди дека го напушта пазарот на паметни телефони, а компанијата планира да го затвори бизнисот до крајот на јули. Компанијата тогаш спомена дека сегашните телефони ќе продолжат да добиваат ажурирања, но „LG“ не појасни кои телефони ќе ги исполнуваат условите за надградба и колку ажурирања ќе добијат.
Во новото соопштение за јавноста, „LG“ ја разјасни ситуацијата кога станува збор за ажурирање на софтверот. За сите телефони на „LG“, објавени по 2019-та година, од сериите „G“ и „V“ (како и минатогодишните модели „Velvet“ и „Wing“) гарантирано ќе добијат три ажурирања на „Android“.

