26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРоверот на НАСА направи „селфи“ со малиот хеликоптер на Марс

Роверот на НАСА направи „селфи“ со малиот хеликоптер на Марс

НАСА објави „селфи“ кое го сними неговиот ровер Perseverance на Марс, со малиот хеликоптер Ingenuity.

Роверот користел роботска рака за да ја направи фотографијата, која всушност е споена од 62 единечни слики. Покрај Perseverance, во преден план, може да се види Ingenuity на растојание од околу четири метри.

Хеликоптерот, тежок околу 1,8 килограми, треба да го изврши својот прв лет на Црвената планета во наредните денови. Се очекува да достигне надморска височина од околу три метри во првиот пробен лет, а потоа да остане на едно место околу триесет секунди пред да слета назад на површината на Марс.

Тоа ќе биде првиот контролиран лет на друга планета.

Хеликоптерот се напојува со литиум-јонски батерии, а Ingenuity се очекува да направи уште неколку тест летови за околу еден месец.

Тој пристигна на Марс склопен во шасијата на роверот „Perseverance“ кон крајот на февруари по повеќе од 200 дена лет и поминати 472 милиони километри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП