ИНТЕРЕСНО

Нов тежок пораз за Вардар за крај на неубедливата сезона во ЛШ

Вардар уште еднаш беше декласиран од стариот познајник, унгарскиот Веспрем, овој пат со 39:30 на гости за потврда на елиминацијата во осмина-финалето на ЕХФ Лигата на шампионите, каде што влезе кога ЕХФ реши сите тимови што беа во групната фаза да влезат меѓу најдобрите 16.

Вардарци тргнаа израмнето со Веспрем до 6:6 пред домаќините да се одвојат и да направат пет гола разлика на полувремето (20:15). Во второто полувреме оваа разлика порасна и на 10 гола разлика за конечен пораз со девет гола разлика.

Поранешниот вардарец Данил Шишкарев беше најефикасен за Веспрем со 6 гола, колку што имаше и Андреас Нилсон. Капитенот Стојанче Стоилов постигна пет гола за Вардар, колку што имаше и Тимур Дибиров, а по четири имаа Чупиќ и Шеваљевиќ.

Фото: РК Вардар

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, ОСМИНА-ФИНАЛЕ, 2. МЕЧ

Мешков Брест – Мотор Запорожје 08.04, прв меч 30:32

Веспрем – Вардар 39:30 (20:15), прв меч 41:27, вкупно 80:45

Претходно одиграни натпревари

Кјељце – Нант 31:34, прв меч 25:24, вкупно 56:58

Алборг – Порто 27:24, прв меч 29:32, вкупно 56:56, Алборг има повеќе постигнати голови на гости

Кил – Пик Сегед 33:28, прв меч 33:28, вкупно 66:56

Барселона – Елверум 39:19, прв меч 37:25, вкупно 76:44

Флензбург – ППД Загреб вториот меч нема да се игра, прв меч 36:30

Пари Сен-Жермен – Целје 08.04, прв меч 37:24