19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНе правете ги овие грешки со маслиновото масло

Не правете ги овие грешки со маслиновото масло

Во маслиновото масло се наоѓаат најмногу незаситени масти во споредба со другите масла. Ова масло е многу корисно, но не знаат сите како правилно да го чуваат, не знаат да ги воочат промените во мирисот и вкусот и не се сигурни кога смеат да го користат. Ова се најчестите грешки кои ги правите со маслиното масло.

1. „Light“ верзиите немаат помалку калории

„Секое маслиново масло има иста количина на калории – во една лажица има околу 120 калории и околу 14 грама масти. Називот „Light“ се однесува на бојата и вкусот на маслото – објаснува Бет Липтон на сајтот „Health.com“.

„Light“ маслото е подобро само затоа што е повеќе рафинирано и понеутрално. Бојата на маслиновото масло нема врска со неговиот квалитет, туку со начинот на обработка.

2. Горчливиот вкус не значи дека е расипано

Повеќе луѓе го фрлаат маслиновото масло кога ќе почувствуваат дека добило горчлив вкус. Но тоа не значи дека се расипало, туку дека содржи повеќе антиоксиданти.

До тој заклучок дошле научниците од Калифорнија кога ги проучувале повеќето видови на маслиново масло.

3. Не го чувајте на светло и топло

За да ви трае подолго, маслото треба да го чувате во темно стаклено шише и на суво место, но не на премногу топло место.

Чувајте го на полица во кујната, далеку од електричните уреди кои произведуваат топлина.

Ако го чувате на место со висока температура, полифенолите ќе се променат, па и квалитетот на маслото ќе биде полош. Сепак, не го чувајте во фрижидер, бидејќи може да се згрутчи.

4. Рок на траење

Се вели дека маслиновото масло може да трае повеќе години ако правилно го складирате. Тоа не е точно. Кога ќе го отворите, можете да го користите само една година, (доколку не е нагласен пократок период на шишето) и по тој период тоа маслиново масло нема ист состав на хранливи вредности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП