29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНеобична објава на партнерот на Маск од компанијата Неуралинк: „Можеме да го...

Необична објава на партнерот на Маск од компанијата Неуралинк: „Можеме да го направиме Паркот Јура, ако сакаме“

Коосновачот на Неуралинк, кој исто така е во сопственост на Илон Маск, на Твитер објави прилично бомбастична работа. Имено, тој напиша дека компанијата веќе ја има технологијата со која би можеле да направат вистинска верзија на „Паркот Јура“.

Веројатно би можеле да го направиме Паркот Јура, ако сакаме. Тоа не би биле генетски автентични диносауруси, но можеби по 15 години размножување и инженерство би довело до супер егзотични нови видови, напиша на својот профил на Твитер Макс Ходак, ко-основач на Неуралинк.

Сепак, Ходак со ништо не аргументираше дека невротехнолошката компанија може да врати назад изумрени праисториски влекачи. Сепак, тој се залага за идејата и верува дека со тоа би се зголемил биодиверзитетот на Земјата.

“Биодиверзитетот е секако вреден. Конзервацијата е важна и има смисла. Но, зошто да застанеме тука? Зошто намерно да не се обидеме да создадеме нова разновидност?”, напиша Ходак.

Знаеме како таквото размислување заврши во популарните филмови од франшизата „Паркот Јура“.

Она што со сигурност знаеме за технологијата на „Невралинк“ и нејзините досегашни достигнувања е дека минатото лето тие направија функционален прототип на уред за мозочен имплант, за кој веруваат дека може да излечи цела низа здравствени заболувања, од квадриплегија до слепило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП