Легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер подалеку од очите на јавноста се опоравува од страшната несреќа што го снајде при скијање во 2013 година, а како тече рехабилитацијата знаат само докторите и неговото семејство.
Германските медиуми денеска излегоа со информација дека поради високата цена на лекувањето на Михаел, неговата сопруга Корина одлучила да го продаде луксузниот имот на кој планирале со Ф1 шампионот да живеат по неговото пензионирање.
Во близина на познатото Женевско езеро (Швајцарија) се наоѓа нивниот „дворец од бајките“ кој го купиле додека Михаел ја чекал петтата своја титула.

