26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕХељда – го штити срцето, го намалува холестеролот, го регулира шеќерот во...

Хељда – го штити срцето, го намалува холестеролот, го регулира шеќерот во крвта

Хељдата е здрава и вкусна намирница, но во нашите краеви неоправдано е запоставена во исхраната.

Хељдата лесно се вари, преполна е со витамини од групата Б и многу други хранливи состојки. Со мелењето на хељдата се добива брашно од кое се подготвува леб, пецива, а посебно се вкусни и здрави палачинките од брашното од хељда.

Хељдата содржи диетални влакна, минерали како фосфор, магнезиум, железо, цинк, бакар и манган и осум есенцијални аминокиселини, богата е со флавоноиди и го намалува нивото на шеќер во крвта. Лицата кои избегнуваат глутен без размислување треба да ја користат, таа го намалува и високиот притисок и холестеролот, па така го одржува здравјето на кардиоваскуларниот систем. Често служи како замена за ориз или се подготвува како каша.

Интересно е тоа што во кулинарството хељдата се смета за житарка поради својата хранливост, но ботанички таа спаѓа во категоријата лиснат зелечнук, а понекогаш се категоризира и како овошје. Можеби не знаете, но цветовите од хељдата се многу ароматични поради што ги привлекуваат пчелите кои потоа произведуваат посебен мед со специфична темна боја и силен мирис, а богат со лековити својства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП