Џером Боатенг, еден од фудбалерите со најдолг стаж во Баерн Минхен, по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот. „Кикер“, објави дека ова е одлука на Управниот одбор, да не му биде понуден нов договор.
Боатенг е играч на Баерн од 2011 година, кога во Минхен пристигна од Манчестер сити. Дефанзивецот дресот на Баварците го носел на 354 натпревари, постигнал 10 голови.

