17 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРоботот хеликоптер Ingenuity се подготвува за историски лет на Марс

Роботот хеликоптер Ingenuity се подготвува за историски лет на Марс

Малиот хеликоптер наречен Ingenuity, кој пристигна на Марс склопен во роверот Perseverance, треба да полета на 11 април, објави НАСА.

„#MarsHelicopter се подготвува да направи нешто што никогаш порано не е направено: контролиран лет на друга планета“, објави НАСА на Твитер.

Фотографиите направени со хеликоптерот и другите податоци ќе пристигнат на Земјата следниот ден, на 12 април, додаде НАСА.

Малиот хеликоптер, тежок 1,8 килограми, веќе го испрати својот прв извештај до контролниот центар во Пасадена, Калифорнија, по слетувањето на роверот Perseverance.

Ingenuity треба да полета од платформа со димензии 10 на 10 метри. Во текот на летот, треба да достигне висина од околу три метри, да остане на едно место околу триесет секунди, да се сврти и да се врати на земјата.

Хеликоптерот се напојува со литиумски батерии и може да проба уште неколку летови во текот на еден месец, пркосејќи им на екстремните услови на Марс: температури од минус 90 степени Целзиусови, мала гравитација и тенка атмосфера.

Парче историја се наоѓа во Ingenuity: мала количина материјал која покриваше едно од крилата на авионот на браќата Рајт, кој прелета над Северна Каролина во декември 1903 година. Тоа беше првиот контролиран лет на Земјата.

Роверот Perseverance, кој тежи околу еден тон и има големина на мал автомобил, слета на Марс во февруари по 480 милиони километри патување низ вселената, кое траеше скоро седум месеци.

Главната цел на двегодишната мисија на роверот Perseverance е потрага по микробиолошки живот кој би можел да биде на Марс пред три милијарди години, приближно во времето кога настанал животот на Земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП