20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Huawei“ го најавува својот прв десктоп монитор

„Huawei“ го најавува својот прв десктоп монитор

„Huawei“ официјално влегува на пазарот на десктоп монитори со објавувањето на неговиот 23-инчен „IPS“ дисплеј, наречен „Huawei Display 23,8“.

Мониторот има 23,8-инчен панел, со резолуција 1.920x1080p и нуди 72% покриеност на спектарот на бои „NTSC“, со агли на гледање од 178 степени. Друга соодветност е вертикален наклон од пет до 22 степени.

„I/O“ портите се состојат од опции за влезови „DC“, „HDMI“ и „VGA“. Пакетот вклучува адаптер за напојување и 1,5 метарски „HDMI“ кабел. Димензиите на мониторот се 538,5 mm x 425 mm x 170 mm и тежи 4,05 килограми.

Панелот е сертифициран за „TÜV Rheinland“ за намалување на емисиите на сина светлина и безбедноста на очите. Брзината на освежување е 60Hz, максималната осветленост е 250 nits, а контрастот е 1000:1.

„Huawei Display 23.8“ пристигнува во црна боја, а преку продавницата „Huawei“ ќе се продава од 14-та април. Цената на мониторот за европскиот пазар е 159 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП