23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да го намалите нивото на пестициди во овошјето и зеленчукот?

Како да го намалите нивото на пестициди во овошјето и зеленчукот?

Можеби е тешко целосно да ги елиминирате штетните материи од свежото овошје и зеленчук, но барем можете да го намалите нивното ниво.

Здравото овошје и зеленчук кое ви овозможува богата ризница од лековити состојки често содржи штетни материи како разни хемикалии и пестициди.

Иако е невозможно речиси целосно да ги елиминирате, сепак постои начин да ги направите побезбедни за употреба.

Со оглед на тоа дека најголемата концентрација на штетни материи е на површината на овошјето и зеленчукот, особено внимание треба да му посветите на миењето на овие производи.

Свежото овошје и зеленчук ставете го во раствор од вода и оцет (односот нека биде 10:1 во корист на водата) околу 15 минути. Потоа добро измијте ги намирнициите и тие се веќе побезбедни за употреба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП