16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ ќе ја намали цената за Мбапе

ПСЖ ќе ја намали цената за Мбапе

ПСЖ и Килијан Мбапе не успеваат да најдат заеднички јазик околу новиот договор. Актуелниот договор што го има напаѓачот со клубот истекува во јуни 2022 година.

Мбапе, во средата, одговарајќи на новинарски прашања по натпреварот во Сареаво, помеѓу БиХ и Франција, рекол дека е уморен од критиките.

Француските медиуми тврдат дека и во клубот немаат трпение за Мбапе и дека челниците на ПСЖ сериозно ја разгледувале можноста, тој да биде продаден во летниот преоден рок.

ПСЖ се решиле на ваков чекор и покрај тоа што биле свесни дека нема да заработат 180 милиони евра, колку што на Монако му платија за Мбапе.

Наводно, ПСЖ ќе прифатат понуда помеѓу 120 и 150 милиони евра.

Мбапе најчесто се поврзува со Реал Мадрид, но интерес за него има и во Манчестер сити односно Ливерпул.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП