Горан Пандев, се огласи на Инстаграм, по сензационалната победа над Германија во Дуизбург.
Најдобриот стрелец во историјата на националниот тим, со својот гол во самиот финиш на првото полувреме, го трасираше патот до големата победа. Откако Германија израмни од пенал во 63.минута преку Гундоган, а десет минути подоцна пенал не беше досуден за Македонија, Елмас во 85.минута погоди за конечни 1:2.

