5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Google Maps“ ќе ги води возачите по „еколошки“ рути веќе од јуни

„Google Maps“ ќе ги води возачите по „еколошки“ рути веќе од јуни

Апликацијата „Google Maps“ ќе започне да ги води возачите по маршутите кои се проценува дека генерираат најниски емисии на јаглерод врз основа на сообраќајот и други фактори, соопшти компанијата во вторникот.

„Google“, единицата на „Alphabet“, соопшти дека оваа опција ќе биде лансирана кон крајот на оваа година во САД, а потоа и во другите земји, како дел од обврската да им помогне на своите служби во борбата против климатските промени.

„За околу половина од рутите, можеме да најдеме повеќе еколошка прифатлива опција со минимални или никакви временски трошоци“, рече Расел Дикер, директор на производите на Google.

Google соопшти дека спроведува релативни проценки на емисиите со тестирање на различни типови возила и типови патишта, потпирајќи се на увидите од Националната лабораторија за обновлива енергија на САД (NLOE). Податоците за патиштата доаѓаат од автомобилите со Street View, како и од воздушни и сателитски снимки.

Лидерот на групата за мобилност на NLOE, Џеф Гондер, рече дека лабораторијата, која развила алатка позната како FastE, за проценка на потрошувачката на енергија на возилото, постигнала договор овој месец да добие финансирање од Google и да ја проучи точноста на нејзините проценки.

Од јуни, апликацијата Google Мaps започнува да ги предупредува возачите да патуваат низ зони со ниски емисии во Германија, Франција, Холандија, Шпанија и Велика Британија, каде што се забранети некои возила.

Во следните месеци, корисниците на „Maps“ ќе можат да споредуваат превоз со автомобил, велосипед, јавен превоз и други опции за патување на едно место, наместо само да избираат помеѓу различни патишта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП