Од каприцот на Кристијано Роналдо во текот на мечот со Србија, на крајот ќе испадне нешто добро, откако неговата отфрлена капитенска лента се наоѓа на аукција преку хуманитарната акција „Заедно за живот“, со која треба да се помогне во лечењето на шестмесечниот Гаврило Ѓурѓевиќ од Крагуевац.
Роналдо ја фрли капитенската лента на теренот на „Рајко Митиќ“ откако не му беше признат голот во 93. минута од мечот со Србија (кој за волја на вистината ја помина гол-линијата). Иако прво се појавија шеги со лажни аукции со лентата (за 1.000.000 евра), еден од дежурните работници на стадионот ја земал лентата и решил да ја донира.

