20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЧетврт неуспешен лет на ракетата на Илон Маск(ВИДЕО)

Четврт неуспешен лет на ракетата на Илон Маск(ВИДЕО)

Четвртиот пробен лет на ракетата „Старшип“ на компанијата „Спејс Екс“, кој беше изведен денеска, се покажа неуспешен, а прототипот се урна, потврди основачот на компанијата, Илон Маск на „Твитер“.

„Нешто важно се случи за време на спуштањето“, напиша тој на социјалната мрежа, по трите претходни неуспешни обиди.

„Ќе откриеме што се случи кога ќе ги истражиме остатоците подоцна во текот на денот“, посочи Маск, кој на шега додаде: „Барем кратерот е на добро место!“

Третиот прототип на ракетата „Старшип“ на американската вселенска компанија „Спејс Екс“ експлодираше на почетокот на март по она што се чинеше како успешен лет и слетување. Претходните два теста завршија со пад при слетувањето.

Основачот на приватната вселенска компанија „Спејс Екс“, милијардерот Илон Маск, кој е сопственик и на компанијата за електрични автомобили „Тесла“, ја развива следната генерација на ракетата „Старшип“ со цел патувања на Марс и Месечината.

Ракетата „Старшип“ е јадрото на амбициите на Маск да ги направи летовите во вселената подостапни за луѓето.

Пробните лансирањата се одвиваат во речиси пуста област изнајмена од „Спејс Екс“ во јужен Тексас недалеку од границата со Мексико и покрај Мексиканскиот залив.

Оваа област е доволно голема и пуста за несреќа или експлозија да не предизвикаат штета или жртви.

И покрај падовите, „Спејс Екс“ собира важни податоци што ќе овозможат да се забрза развојот на вселенската програма, велат експертите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП