25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАTелефоните ги споделуваат нашите податоци на секои четири и пол минути

Tелефоните ги споделуваат нашите податоци на секои четири и пол минути

Телефоните со „Android“ и „iPhone“ ги споделуваат податоци со компаниите во просек на секои четири и пол минути, а податоците се испраќаат назад дури и кога телефоните се неактивни во џеб или чанта, покажува најновото истражување.

Студијата на „Trinity College“ во Даблин предизвика загриженост во врска со приватноста со паметните телефони, а студијата тврди дека има мала разлика помеѓу „Apple“ и „Google“ кога станува збор за собирање на одредени податоци.

Студијата, објавена од профeсор Даг Лит од „Trinity Connect Centre“ сугерира дека „iPhone“ телефоните не нудат поголема приватност отколку уредите на „Google“.

Од друга страна, студијата открива дека телефоните на „Google“ собирале „значително поголема количина на телефонски податоци од „Apple““, со 1 MB податоци испратени од неактивни телефони на „Google Pixel“ на секои 12 часа, во споредба со 52KB податоци испратени од „iPhone“.

Меѓу податоците кои потенцијално ги испраќале телефоните, биле вметнување на „SIM“-картички и детали како што се хардверски сериски број, „IMEI“, „Wi-Fi MAC“ адреса и телефонски број.

„Мислам дека повеќето луѓе прифаќаат дека „Apple“ и „Google“ треба да собираат податоци од нашите телефони за да обезбедат услуги како „iCloud“ или „Google Drive“. Но, кога едноставно ги користиме нашите телефони – за да остваруваме и примаме повици и ништо друго – многу потешко е да се разбере зошто „Apple“ и „Google“  мораат да собираат податоци“, посочува професор Лит.

Тој споменува дека е разочарувачки да се види дека „Apple“ собира толку многу податоци, со оглед на тоа колку компанијата ја промовира безбедноста на корисниците на уредите на „Apple“. Од компанијата сè уште не ја коментираат студијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП