26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПотврдено од експертите: Овие три пијалоци го уништуваат коронавирусот и грипот за...

Потврдено од експертите: Овие три пијалоци го уништуваат коронавирусот и грипот за пет минути!

Три пијалоци можат речиси целосно да го уништат коронавирусот кај луѓето, објавија германските истражувачи од Универзитетот во Улм

Германски научници од Институтот за молекуларна вирусологија на Универзитетскиот медицински центар во Улм, истражувале како храната што се користи секој ден може да влијае на ширењето на коронавирусот, но и на грипот.

Како што наведоа, респираторните вируси првично ги инфицираат носните и усните шуплини, каде што се размножуваат, предизвикуваат симптоми и можат да се пренесат од таму на други луѓе.

Според нивните откритија, спречувањето на почетната инфекција или намалувањето на концентрацијата на вирусот во носната и усната шуплина може да го намали ширењето кај другите, но исто така да ги ублажи симптомите и да се прошири на белите дробови.

Во неодамна објавената студија, научниците открија дека сокот од аронија, сокот од калинка и зелениот чај имаат значајна антивирусна улога и против двата вируси, и од грипот и од короната.

Мешавина од сок од аронија и вода, кога се користи за плакнење на грлото, уништува 97% од коронавирусот во усната шуплина по само пет минути, според германските научници. Сокот од калинка и зелениот чај убиваат 80 проценти од вирусот по една минута испирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП