6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШарапова најплатена спортистка

Шарапова најплатена спортистка

Maria+Sharapova+Porsche+Presents+New+Testimonial+mJOuTWuGTKvx

Марија Шарапова е најдобро платена спортистка во светот во рангирањето на списанието „Форбс“. Руската тенисерка е лидер по приходи веќе деветта година по ред, а во периодот од јуни 2012-та до  јуни 2013-та таа заработила 29 милиони долари. Износот вклучува пари од наградните фондови, реклами, приходите за учества на трунири и приходи од сопствен бизнис како бонбоните „Sugarpova“, од кои веќе се продадени речиси 1,5 милиони примероци.

Во Топ 10 на најпознатите платени спортистки седум се тенисерки, а втората позиција ја зазема Серена Вилијамс со приходи од 20,5 милиони долари. Од нив 8,5 се од наградни фондови и уште 12 од спонзорските договори со компании како „Nike“, „Wilson“, „Gatorade“ и „OPI“.

На третата позиција меѓу платените спортистки е Кинескињата, На Ли со 18,2 милиони евра, од кои само 3,2 се од наградни фондови, а останатите 15 од рекламни договори.

Топ 10 на најплатените спортистки за последната година:

1. Марија Шарапова (тенис) – 29 милиони долари

2. Серена Вилијамс (тенис) – 20,5 милиони

3. На Ли (тенис) – 18,2 милиони

4. Викторија Азаренка (тенис) – 15,7 милиони

5. Даница Патрик (автомобилизам) – 15 милиони

6. Ким Ју На (уметничко лизгање) – 14 милиони

7. Каролин Вознијачки (тенис) – 13,6 милиони

8. Агнешка Радванска (тенис) – 7,4 милиони

9. Ана Ивановиќ (тенис) – 7 милиони

10. Пола Кримајер (голф) – 5,5 милиони

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП