10 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОваа компанија плаќа 2400 долари за 24 часа без технологија

Оваа компанија плаќа 2400 долари за 24 часа без технологија

Тешко е да се замисли животот без мобилни телефони денес, а како би изгледал 24 часа без технологија? Еден цел ден без социјални мрежи, меил и видео игри или вести.

Една компанија е подготвена да ви плати 2.400 долари за тоа да го сторите. Reviews.org – компанија која ги тестира производите и услугите дизајнирани да го направат вашиот дом попаметен – го одржува “Digital Detox Challenge“, каде на среќните учесници ќе им бидат исплатени 2.400 долари за да бидат 24 часа без технологија.

Оние кои ќе се пријават ќе добијат одредено место, како сеф каде ќе можат да ја остават целата своја технологија 24 часа, да изберат ден кој најмногу им одговара во текот на неделата, со цел да го започнат својот предизвик без екрани. Технологијата што не е дозволена не вклучува микробранова печка, туку вклучува телефони, таблети, паметни часовници, телевизори, очила за игри, компјутери, лаптопи или други паметни уреди во куќата.

На крајот од предизвикот, учесниците ќе ги достават своите “screen time” извештаи од телефонот за да докажат дека не ги користеле еден ден. Овие предизвици се случуваат во Америка и Австралија и на нив може да учествува секој над 18 години и може да учествува секој што е веќе уморен од работа, безмилосно пребарување на Интернет, гледање серии на неодредено време или играње видео игри без престан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП