Иако во нивното долгогодишно ривалство на тениските терени секогаш си покажувале респект еден кон друг, Рафаел Надал вели дека не е близок пријател со Роџер Федерер иако може да зборува со него директно за многу работи.
Почетокот на нивното ривалство беше навистина луто – Надал се појави на сцената како тинејџер кој беше доволно моќен да ја предизвика доминацијата на Федерер, а различниот стил на игра ги подели и тениските фанови. Со текот на годините ривалството стана пријателство, но не до таа граница како што некои веруваат.

