Србија во првиот меч со Драган Стојковиќ-Пикси како селектор, стигна до камбек 3:2 победа над Ирска, благодарение на Душан Тадиќ и Александар Митровиќ, додека во соседската пресметка, Словенија со 1:0 ја шокираше Хрватска. Актуелниот светски шампион, Франција немаше најдобар старт откако одиграа дома со Украина 1:1, додека фантастичната Белгија се врати за 3:1 победа над Велс.
На „Рајко Митиќ“ во Белград, Ирска успеа да стигне до водство во 18. минута преку Алан Браун, пред Душан Влаховиќ да израмни во 40. минута. „Џокерот“ на Пикси беше напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ, кој по влегувањето во игра во 63. минута постигна два гола во 69. и 75. минута за комплетен пресврт. Џејмс Колинс во 86. минута намали на 3:2 за да ги направи последните минути многу интересни. Во Љубљана пак, Словенија, со голот на Санди Ловрич уште во 15. минута, стигна до импресивна 1:0 победа над светскиот вицешампион Хрватска.

