Компанијата „British Airways“ соопшти дека размислува да ја продаде зградата на седиштето поради преселувањето на работа од дома за време на пандемијата, што значи дека повеќе нема да има потреба од толкав деловен простор.
Потенцијалната продажба на зградата, за која прво објави „Financial Times“, може да ги зголеми финансиите на авиокомпанијата која е осакатена од Ковид-19. Зградата е завршена во 1998-ма година и чинеше 200 милиони фунти (279 милиони американски долари).
Потегот на работа од дома во текот на изминатата година веќе ги натера некои од најголемите британски компании да направат измени во третманот на нивните канцеларии. Банкарскиот гигант „Lloyds“ соопшти дека ќе го намали деловниот простор за 20% во рок од три години, а „HSBC“ има за цел 40% намалување.
Комплексот „BA – Waterside“, се наоѓа во близина на аеродромот Хитроу, западно од Лондон, и исто така е седиште на матичната компанија на „British Airwayѕ“, „IAG“.
Од „British Airways“ велат дека многу вработени уживаат да работат од дома и дека нејзината идна политика веројатно е флексибилна комбинација на работа од дома и канцеларија.