ТЕХНОЛОГИЈА

НАСА објави ново видео од Марс, слушнете како звучи возењето (ВИДЕО)

НАСА објави нова снимка од роверот „Perseverance“, кој веќе еден месец е на мисија на Марс. Станува збор за аудио запис од првото возење на роверот на Црвената планета, проследено со тропкање, растреперување и ѕвецкање, звуци кои се доста загрижувачки според стандардите на Земјата.

Бучавата произведена од металните тркала на роверот кои се движат преку површината на Марс на првото тест возење пред две недели е од необработена 16-минутна аудио-снимка која е објавена во средата од Лабораторијата за реактивен погон на НАСА.

„Дали слушате? Вака звучи кога возите преку карпи на Марс. Ова е прва снимка од возењето на Марс “, напишаа во објавата.

„Ако ги слушнам овие звуци додека се возам со мојот автомобил, ќе застанев и ќе се јавев на влечната служба. Но, ако одвоите време да размислите за тоа што го слушате и каде е снимено, тоа има многу смисла “, рече инженерот на тимот на НАСА, Дејв Груел, пренесе Гардијан.

Роверот слета на Марс на 18 февруари, а неговата мисија е да бара траги од микробиолошки живот во областа на езерото, бидејќи научниците сметаат дека на Црвената планета бил можен живот пред милиони години.

На него има и два микрофони и веќе е снимено како ласер удира во карпи.