20 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛегендите му се поклонија Меси

Легендите му се поклонија Меси

Лео Меси вчера го одигра својот рекорден 767 натпревар за Барселона против Уеска, израмнувајќи го рекордот на Чави Ернандез, и неговите сегашни и поранешни соиграчи во дресот на Каталонците го оценија како незаборавен, единствен и уникатен фудбалер.

Чави помина 17 години во Барса пред да замине во 2015 и сега работи како тренер на Ал-Сад во Катар. Меси пак, од 2004 година е незаменлив во дресот на каталонската гордост.

„Тоа можеше да биде само Лео. Најфер е најдобриот фудбалер во историјата да биде тој што го бранел дресот на Барса најмногу“, изјави Чави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП