25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМаск повеќе не е извршен директор на Тесла, отсега e нејзин техно-крал

Маск повеќе не е извршен директор на Тесла, отсега e нејзин техно-крал

Тесла поминува низ кадровски промени, но секако не од оние на кој сите веднаш би помислиле. Имено, шефот на Тесла, Илон Маск, повеќе не е шеф на таа компанија, тој сега е нејзин „техно-крал“.

Пристигна изјава од Тесла која збуни многумина, и станува збор за пријава до Американската комисија за хартии од вредност (SEC) во која се наведува дека Илон Маск е техно-крал на таа компанија, а Зак Киркхорн е „господар на парите“.

На крајот од таа пријава, исто така, се наведува дека Илон и Зак остануваат на позициите главен извршен директор и главен финансиски директор.

Маск неодамна го загуби статусот на најбогат човек на светот, по падот на цените на акциите на Тесла во февруари. Тесла имаше апсолутно неверојатен раст на акциите од над 600 проценти во 2020 година, а експертите ова го припишуваат на визијата на Маск за доминантни возила со нула емисии на стакленички гасови низ целиот свет.

Во јануари и февруари 2021 година, акциите на Тесла паднаа за 14 проценти, а за падот придонесе и пожар во фабриката во Фримонт, САД, како и извештаите за 450 случаи на позитивни работници со КОВИД-19 во Тесла во текот на декември 2020 година.

Инаку, Маск има репутација на корпоративен зафркант кој често ги поместува границите на соодветноста и традиционалниот имиџ на извршен директор на компанија.

За Маск, Твитер е корисна алатка за предизвикување на новинарите и владините регулатори, како и огласна табла за сè, од надградба на софтвер за автономно возење, до промовирање криптовалути, до скандалозни објави кои го чинеа судски процеси или казни во минатото.

Ако поради некоја причина Тесла почнува да ви звучи повеќе како едно од кралствата на Вестерос, вие не сте единствените.

Во меѓувреме, да живее Илон Технокрал, првиот од неговото име и владетел на автономните возила …

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП