Манчестер јунајтед со 1:0 го победи Вест Хем и се врати на второто место на табелата.
„Црвените ѓаволи“ доминираа во првиот дел од натпреварот, упатија осум удари кон голот на Вест Хем, имаа посед од речси 70 отсто и неколку добри шанси. Најдобрите шанси не ги реализираа Маркус Рашфорд во 25. и 39.минута, односно Мејсон Гринвуд во 37.минута. Вест Хем во првиот дел не шутнаа кон голот на Дин Хендерсон.

