2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПандев и Несторовски земаа по бод, Џенова – Удинезе 1:1

Пандев и Несторовски земаа по бод, Џенова – Удинезе 1:1

Горан Пандев играше 70 минути на мечот Џенова – Удинезе, го постигна единствениот погодок за својата екипа.

Илија Несторовски влезе во игра во 81 минута, имаше една убава шанса за погодок, не ја искористи. Во 90 минута доби жолт картон.

Последниот денешен меч од Серија А заврши мирољубиво.

Пандев во 8. и Де Пол во 30-та од пенал беа стрелци на двата гола.

Ремито им одговара на двете екипи, иако Џенова во последните 2 минути од мечот имаше две 100-процентни шанси преку Зајц и Бехрами да ги освои и преостанатите два поени.

Џенова со вечерашниот бод собра 28 во 27 натпревари, доволно за 14-та позиција и +8 од позицијата која во моментов носи пласман во Серија Б.

Удинезе е во уште подобра позиција. Тимот од Удине е на 10-та позиција, со 33 бода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП