11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Volkswagen“ го подготвува својот најголем кросовер

„Volkswagen“ го подготвува својот најголем кросовер

Компанијата „Volkswagen“ го подготвува најголемиот кросовер во својата гама, како што беше откриено во соопштението за јавноста од „Seat“. Шпанскиот производител сакаше да им го покаже на медиумите својот нов центар за тестирање мотори во Марторел (Шпанија), во кој се вложени над 30 милиони евра, и се покажа дека токму тука се тестира новиот теренец.

Набргу потоа, кинеското Министерство за индустрија официјално го потврди развојот на новиот модел, кој ќе го носи името „Talagon“. Него ќе го произведуваат заеднички „Volkswagen“ и „FAW“ во една од фабриките на кинескиот производител.

Идниот „VW Talagon“ е „XXL“ теренец изграден на платформата „MQB“. Неговите димензии се импресивни – должина од 5.153 mm, ширина од 2.002 mm, висина од 1.795 mm и растојание помеѓу двете оски од 2.980 mm. За споредба, димензиите на најголемиот кросовер на германската марка во моментот – „VW Teramont“ (познат на некои пазари како „Atlas“) се 5.039 mm, 1.776 mm и 1.990 mm, соодветно, со меѓуоскино растојание од 2.980 mm.

Портпарол на „Volkswagen“ објасни дека прототипот на „Talagon“ сосема логично се појавил во истражувачкиот центар во Марторел, бидејќи компанијата често ги доработува своите модели во Европа, дури и ако не ги нуди на локалните пазари. Очигледно ова ќе се случи со големиот кросовер, кој ќе се продава само во Кина.

Погонот на моделот е доверен на 2,0-литарски бензински турбо мотор „TSI“, кој ќе биде достапен во две варијанти на моќност – 186 ks (погон на предните тркала) и 220 ks (погон на четири тркала). Менувачот е 8-степен автоматски. „R-Line“ верзијата со 2.5 литарски V6 „TSI“ ќе излезе следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП