2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОвој таблет може нешто што ниеден друг неможе!

Овој таблет може нешто што ниеден друг неможе!

s.korea tablet

Можеби не е во состојба да се поврзе со интернет страни кои властите на Северна Кореа не ги одобрила и нуди само неколку апликации, но таблетот „ Samjiyon“ е направен и е достапен само во оваа земја и тој има нешто што другите таблети немаат.

„Samjiyon“ на своите корисници им нуди нешто што другите таблети не се во состојба да им понудат. Овој 7 инчен таблет поседува вградена антена која овозможува гледање на телевизија.

Таблетот за 200 долари во Пјонгјанг го купил еден турист и подоцна испратил видео од уредот до неколку интернет изданија.

Ако се за верување спецификациите на кутијата, таблетот поседува 1.2GHz процесор што во теорија го чини побрз од „Samsung Galaxy Tab 2“ и „iPad 2“.

ТВ антената на „Samjiyon“ однапред е подесена да ги фати само државните канали, така да е прилично бескорисен надвор од Северна Кореа, но оваа опција неможе да се види на никој друг таблет, освен ако купите гломазна антена која дополнително се монтира.

Иако таблетот неможе да се поврзе со некоја WiFi мрежа надвор од Северна Кореа, „Samjiyon“ претставува импресивен уред за една многу изолирана држава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП