29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на „Lego“ забележа значителен раст во 2020-та

Продажбата на „Lego“ забележа значителен раст во 2020-та

Не е тајна дека „Lego“ е една од компаниите кои имаат корист од пандемијата од Ковид-19 бидејќи луѓето подолго време остануваат дома.

Сепак, данската компанија добива се повеќе фанови во Кина, пишува „CNN Business“.

Вкупната продажба на крајните корисници во 2020-та година порасна за 21%, што се должи на поширокиот асортиман на производи, инвестициите во трговијата преку Интернет, кои почнуваат да се исплаќаат, како и сериозниот раст на деловната активност во Кина.

За време на пандемијата, „Lego“ беше принуден привремено да ги затвори своите погони во Кина и Мексико, како и некои продавници, а трошоците за испорака се зголемија.

И покрај сето ова, данската компанија објави приходи од 6,99 милијарди долари, што е за 13% повеќе од една година порано.

Најпродаваните модели на „Lego“ се класични и тематски, како што се „Super Mario“ на „Nintendo“ и „Star Wars“ на „Disney“.

„Студија на компанијата откри дека се повеќе семејства ги собираат нашите лего-конструктори“, изјави извршниот директор Нил Кристенсен.

„Потрошувачите сè повеќе се свртуваат кон купување преку Интернет“, рече тој.

Податоците покажуваат дека посетите на „Lego.com“ се удвоиле во споредба со една година порано, принудувајќи ја компанијата да бара додатоци во нејзините дигитални и технолошки оддели.

Сепак, традиционалните продавници продолжуваат да бидат важен дел од стратегијата на „Lego“. Во последните 12 месеци, повеќето нови продавници се отворени во Кина, што доведе до сериозно зголемување на продажбата во најбројната земја во светот.

Вкупниот број на нови продавници отворени во 2020-та година е 134, од кои 91 се во Кина. „Lego“ денес има 678 свои продавници и планира да го зголеми бројот за 120 во 2021-ва година, од кои 80 ќе бидат во Кина.

Целта на данската компанија е да има 300 продавници во Кина до крајот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП